Елмас наскоро ќе добие нов тренер, позната листата на наследници на Гатузо

фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Џенаро Гатузо се наоѓа пред отказ во Наполи по серијата на лоши резултати оваа сезона.
Откако минатата сезона го наследи Карло Анчелоти на клупата, Гатузо успеа да триумфира во Купот на Италија, но оваа сезона екипата игра променливо и во последните пет натпревари забележа само една победа со што Наполи падна на седмото место, позиција која не носи пласман во европските купови наредната сезона.

Згора на тоа, Наполи испадна и од Купот на Италија, а последна шанса на Гатузо да ја спаси работата е утрешниот реванш натпреварот од Лигата на Европа против Гранада. Шпанскиот тим славеше во првиот натпревар со 2:0, а италијанските медиуми тврдат дека само пласман во наредната фаза ќе го спаси Гатузо.
Но, претседателот Аурелио де Лаурентис веќе разговарал со неколку тренери како Масимилијано Алегри, Лучано Спалети, Рафаел Бенитез па дури и со поранешниот тренер на Наполи, Маурицио Сари, што медиумите во Италија отказот на актуелниот тренер го сметаат за сигурен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот