Елмас: Наполи покажа карактер, искрено не знам кој е мојата природна позиција

Елиф Елмас беше двоен стрелец во победата над Лестер/Неапол, Италија/9 декември 2021/Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Наполи најмногу благодарение на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе продолжи да игра во Лига Европа, поточно во 1/16 финалната фаза од ова натпреварување.

Елмас со два гола блескаше за „наполитанците“ на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во победата над англискиот Лестер (3:2).

Нашиот играч после мечот во Неапол изјави дека ова беше важна вечер за клубот кој се пласираше во следната фаза и е среќен поради двата погодоци:

– Најважно е што Наполи обезбеди пласман понатаму во натпреварувањето. Се надеваме дека ќе бидеме подобри во иднина. Покажавме дека сме вистински тим со карактер. Секогаш подготвени да играме со цел да победиме.

Нашиот тренер Лучано Спалети ни кажа многу работи пред натпреварот, дека ние сме силна екипа и тоа треба да го докажеме на теренот. Го реализиравме тоа што побара од нас, триумфиравме и се пласиравме во следната фаза.

Јас се обидувам да го давам најдоброто од себе на која и позиција да ме постави тренерот. Искрено, не сум сигурен која е мојата природна позиција – рече Елмас за „Скај Спорт Италија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот