Елмас на лекарски прегледи во Наполи (ФОТО+ВИДЕО)

gianlucadimarzio.com

Веќе е потврдено од страна на Фенербахче дека летово Елмас ќе направи трансфер во италијанскиот вицешампион Наполи.

Италијанските медиуми веќе објавуваат дека нашиот интернационалец оди на лекарски прегледи, а тоа го објави и познатиот новинар од Апенините, Џанлука Ди Марцио.

Пристигна пред римската клиника „Вила Стуарт“ пречекан од медиумите во Италија, а после прегледите се очекува заедно со претседателот на клубот, Де Лаурентис да го потпише договорот.

Според „Гаѕета дело Спорт“, се очекува Елмас да потпише договор на пет години со годишна заработка од 1,5 милион евра.

Трансферот од Истанбул во Неапол засега се вреднува околу 15-16 милиони евра. Наредниот месец нашиот „Дијамант“ ќе наполни 20 години, Карло Анчелоти го очекува на летните подготовки во Димаро.

Неговиот агент Георге Гарди за „Кориере дело Спорт“ потврди дека преговорите биле макотрпни, му честиташе на Наполи, бидејќи и други врвни европски клубови беа во трка за потписот на фудбалерот. Во овие разговори клучна улога имал и тренерот Анчелоти.

Освен Елмас во Наполи, знаеме дека во италијанската Серија А имаме уште неколку наши репрезентативци, Горан Пандев во Џенова, се очекува Илија Несторовски да се пресели во Удинезе, а останува да се види што ќе одлучи Александар Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот