Елмас на лекарски прегледи во Наполи (ФОТО+ВИДЕО) - Слободен печат

Елмас на лекарски прегледи во Наполи (ФОТО+ВИДЕО)

Веќе е потврдено од страна на Фенербахче дека летово Елмас ќе направи трансфер во италијанскиот вицешампион Наполи.

Италијанските медиуми веќе објавуваат дека нашиот интернационалец оди на лекарски прегледи, а тоа го објави и познатиот новинар од Апенините, Џанлука Ди Марцио.

Пристигна пред римската клиника „Вила Стуарт“ пречекан од медиумите во Италија, а после прегледите се очекува заедно со претседателот на клубот, Де Лаурентис да го потпише договорот.

Според „Гаѕета дело Спорт“, се очекува Елмас да потпише договор на пет години со годишна заработка од 1,5 милион евра.

Трансферот од Истанбул во Неапол засега се вреднува околу 15-16 милиони евра. Наредниот месец нашиот „Дијамант“ ќе наполни 20 години, Карло Анчелоти го очекува на летните подготовки во Димаро.

Неговиот агент Георге Гарди за „Кориере дело Спорт“ потврди дека преговорите биле макотрпни, му честиташе на Наполи, бидејќи и други врвни европски клубови беа во трка за потписот на фудбалерот. Во овие разговори клучна улога имал и тренерот Анчелоти.

Освен Елмас во Наполи, знаеме дека во италијанската Серија А имаме уште неколку наши репрезентативци, Горан Пандев во Џенова, се очекува Илија Несторовски да се пресели во Удинезе, а останува да се види што ќе одлучи Александар Трајковски.

Прочитајте и...  Ѓоковиќ заплака кога зборуваше за Коби: Ми беше ментор и пријател (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

„Засекогаш Коби“: Бура од емоции на „Сан Сиро“! (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Бруно Фернандеш доаѓа во Манчестер јунајтед! (ФОТО)

Слободен печат

Димитријевиќ блеска во Еврокупот, асистира без гледање! (ВИДЕО)

Слободен печат

И Италијанците се чудат, каде си Несторовски?

Слободен печат

Солскјер потврди: Алексис се враќа во Манчестер јунајтед! (ВИДЕО)

Слободен печат

Пораката на Ѓоковиќ што ја напиша на камерата во чест на Брајант! (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

5 × one =

Прочитај повеќе

Глишиќ ќе ги брани боите на Шкупи! (ФОТО)

Слободен печат

Скандинавците „хит“ во зимскиот преоден рок 2020! (ФОТО)

Слободен печат

Елмас добива нова конкуренција: Наполи го потпиша Политано

Слободен печат

Ѓоковиќ заплака кога зборуваше за Коби: Ми беше ментор и пријател (ВИДЕО)

Слободен печат

„Најки“ ги повлече производите со името на Брајант

Слободен печат

Ериксен и официјално нов фудбалер на Интер

Слободен печат