Елмас му упати ултиматум на Наполи, или ќе добие повеќе минути или ќе си оди

фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел да си замине од Наполи во летниот преоден рок доколку не добие гаранции од управата и тренерот Лучано Спалети, пишуваат италијанските медиуми.

Имено, Елмас кој не беше задоволен од дадената шанса минатата сезона, побарал гаранции од тренерот Спалети дека ќе добие поголема минутажа во следната сезона и почесто да биде дел од првиот тим на Наполи или во спротивно да биде ставен на трансфер листата и да биде продаден на екипа во која редовно ќе игра.

Елиф Елмас минатата сезона одигра на 46 натпревари за Наполи, но во најголем дел од нив, македонскиот репрезентативец ги започнуваше од клупата за резервни играчи.

За да не му се повтори истото и во наредната сезона, Елмас побарал гаранции дека ќе добие поголема минутажа посебно бидејќи во преодниот рок можно е Наполи да остане и без Фабијан Руиз, Матео Политано и Диего Деме кои му се конкуренција во средниот ред на македонскиот репрезентативец.

Елиф Елмас во Наполи пристигна во 2019 година од Феенрбахче за 16 милиони евра плус бонуси и тоа на инсистирање на тогашниот тренер на екипата, Карло Анчелоти.

Досега нема пристигнато понуда за Елмас, но сигурно е доколку биде ставен на трансфер листата, ќе се појават заинтересирани екипи, како што се шпекулираше во јануари годинава дека сериозен интерес за македонскиот репрезентативец пројавуваше Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот