Елмас ќе потпише нов договор со Наполи!?

фото: твитер

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас покажува добри игри во составот на Џенаро Гатузо, а неодамна го освои и првиот трофеј во Купот на Италија откако во финалето беше совладан Јувентус

Нашиот фудбалски „Дијамант“ ја игра првата сезона во дресот на „наполитанците“ кои со добрите резултати во Серија А после паузата поради коронавирусот, се враќаат во игра за настап на меѓународната сцена.

Елмас во 18 одиграни натпревари сезонава во првенството запиша по еден гол и асистенција. Има важечки договор со клубот од „Сан Паоло“ до 30 јуни 2024 година и моментно според „Трансфермаркт“ вреди 15.50 милиони евра.

Како што информираат италијанските медиуми, намерата на клубот е да ја искористи опцијата за продолжување на неговиот договор на уште една година, односно новиот да трае до 2025 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот