Елмас ќе игра заедно со Златан Ибрахимовиќ!?

Тренерот на Наполи Карло Анчелоти има желба да ги обезбеди услугите на шведскиот великан Златан Ибрахимовиќ.

Славниот Ибра веќе има настапувано во Италија за три врвни екипи, Јувентус, Интер и Милан, а моментно ги брани боите на американската екипа на ЛА Галакси.

Непосредно пред дербито со Јувентус во италијанското Калчо, Анчелоти за „Скај“ изјави дека доколку му е дадена можност, би можел да го ангажира Швеѓанецот.

– Се разбира дека би го ангажирал Ибрахимовиќ. И тоа за помала сума, можеби и дури како слободен играч – рече Анчелоти.

На Апенините Ибра трипати ја освои Серија А со Интер, а еднаш со Милан. Со „неро-аѕурите“ двапати се закити со Суперкуп трофејот на Италија, а еднаш со „росонерите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот