Елмас има проблеми со пасошот (ФОТО)

Фото: facebook.com/SSCNapoli

Елмас кој вчера потпиша договор на пет години со италијанскиот вицешампион, мораше веднаш да се упати кон Рим со цел да ги реши бирократските проблеми поврзани со неговиот пасош.

За денеска беше најавена неговата промоција, но најверојатно клубот тоа ќе го направи в петок.

Нашиот играч под итно мора да го надмине овој проблем за да може да патува со своите соиграчи и биде дел од пријателските натпревари летово ширум Европа и САД.

Според најавите се очекува фудбалерите на Карло Анчелоти да имаат контролни мечеви против европскиот шампион Ливерпул, Марсеј, Барселона…

Вчера веднаш по потпишувањето на договорот, го имаше и дебито за „наполитанците“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот