Елмас или Роналдо, кој ќе го освои италијанскиот Куп?

фото: твитер

Нашиот „Дијамант“ ја игра првата сезона во дресот на „наполитанците“ и вечерва против „Старата дама“ ќе го брка првиот трофеј со својот клуб.

Денеска од 21.00 часот на „Олимпико“ во Рим ќе се игра големото финале оваа сезона во Купот на Италија помеѓу екипите на Наполи и Јувентус.

Според италијанските медиуми македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се очекува од клупата да ја чека шансата за настап, но последниот збор ќе го има тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо.

Мора да го почитуваме Јувентус и да играме со нашите сили. Навивачите беа со нас во текот на овој тежок период. Сакаме да им дадеме голема радост, мораме да бидеме фокусирани да го играме нашиот најдобар фудбал во финалето – вели Гатузо.

Можните стартни состави (според „Кориере дело Спорт“) –

Наполи: Мерет, Ди Лоренцо, Максимовиќ, Кулибали, Марио Руи, Фабиан Руиз, Деме, Зиелински, Каљехон, Мертенс, Инсиње. Тренер: Џ. Гатузо.
Јувентус: Буфон, Данило, Де Лихт, Бонучи, Алекс Сандро, Кедира, Бентанкур, Матуиди, Квадрадо, Дибала, Кристијано Роналдо. Тренер: М. Сари.

Нашиот „Дијамант“ ја игра првата сезона во дресот на „наполитанците“ и вечерва против „Старата дама“ ќе го брка првиот трофеј со својот клуб.

Наполи го брка својот шести куп трофеј, последниот го освои во 2014 година, а Јуве има најмногу титули досега во ова натпреварување, вкупно 13.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот