Елмас и Наполи во фантастичен натпревар несреќно го загубија дербито со Јуве (ВИДЕО)

Екипите на Јувентус и на Наполи во меѓусебен натпревар покажаа дека сезонава се очекува да водат мртва трка за шампионската титула. Во неверојатен натпревар, полн со пресврти и кој беше решен со несреќен автогол во судиското продолжение, Јувентус славеше со 4:3.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ја почувствува магијата на дербито во Серија А, играјќи во последните 20-тина минути.

Почетокот на натпреварот не навестуваше неизвесности, во првото полувреме доминираше Јувентус и со головите на Данило и на Игуаин имаше водство од 2:0. Во второто полувреме, Кристијано Роналдо во 62. минута зголеми на убедливи 3:0 и кога сите помислија дека натпреварот е решен, се разбудија наполитанците.

За само 15 минути успеаја да постигнат три гола и да ја вратат неизвесноста на натпреварот. Прво Кевин Миралас во 66. минута, го постигна првиот гол, а само две минути подоцна Ирвин Лозано ја врати надежта за пресврт. Ди Лоренцо на само девет минути до крајот ги шокира навивачите на „Алијанц“ Арената .

И кога се очекуваше дека гостите ќе стигнат до заслужен бод, Јувентус  стигна до победата во судиското продолжение. Нашиот Елиф Елмас, кој влезе во игра во 74. минута при резултат 3:2, направи тактички прекршок над Дибала на триесетина метри од својот гол.

Токму Дибала нафрли во шеснаесетникот, но Кулибали наместо да ја расчисти опасноста, ја смести топката во сопствената мрежа, за шокантен пораз на Наполи и еуфорија помеѓу домашните навивачи и фудбалери во Торино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот