Елмас и Наполи ги уништија Пандев и Џенова (ВИДЕО)

epa08702146 Napoli's forward Elif Elmas in action during the Italian Serie A soccer match between SSC Napoli and Genoa CFC at the San Paolo stadium in Naples, Italy, 27 September 2020. EPA-EFE/CESARE ABBATE

Дуелот на македонските репрезентативци му припадна на Елиф Елмас кој со Наполи со убедливи 6:0 ја совлада Џенова во второто коло од Серија А.

Елиф Елмас и Горан Пандев, натпреварот го започнаа од клупата, но помладиот репрезентативец влезе во игра во 23. минута и тоа на местото на Лоренцо Инсиње, и во убедливата победа учестуваше со гол и асистенција.

Елмас го постигна петтиот гол за својот тим, а му асистираше на Зјелински кој му донесе водство на Наполи од 2:0.
Пандев влезе во игра во второто полувреме, во 55. минута но не можеше да стори ништо за Џенова да го избегне убедливиот пораз.

Екипата на Милан продолжува со одличните игри и без позитивниот на ковид-19, Златан Ибрахимовиќ. „Росоњерите“ со головите на Кеси и на засилувањето од Реал Мадрид, Диаз со 0:2 славеа на гостувањето кај Кротоне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот