Елмас го „разбуди“ Фенербахче (ВИДЕО)

Елиф Елмас продолжува со одличните игри во дресот на Фенербахче. Македонскиот репрезентативец во победата на неговиот тим од 3:1 на госувањето кај Кашимпаша учествуваше со еден постигнат гол.

Домашниот тим, благодарение на автоголот на Текин во 13. минута поведе со 1:0, а пресвртот на Фенербахче го најави токму македонскиот репрезентативец со голот во 20. минута. Во второто полувреме, прво, Валбуена во 72. минута и Солдадо, две минути подоцна, ја обезбедија победата на Фенербахче кој сезонава игра катастрофално. Тимот на Елмас, по 31 коло во турската Супер лига, се наоѓа на 12. позиција на табелата со 37 освоени бодови, само седум повеќе од опасната зона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот