Елмас го има најбрзиот гол во Лига Европа за италијански клуб

Неизвесен е настапот на Елиф Елмас против Јувентус во Торино/Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Елиф Елмас уште во првата минута му донесе водство на Наполи кој после првото полувреме води со 1:0 на домашен терен против Спартак Моксва во второто коло од Лига Европа.

Има различни информации околу тоа после колку точно секунди е реализиран погодокот на македонскиот репрезентативец на стадионот во Неапол и дали истиот е најбрзиот во историјата на ова натпреварување.

Според официјалниот Твитер профил на УЕФА Лига Европа, голот се случил после 11 секунди.

Други извори на информации како „ОптаПаоло“ кој што исто така се занимава со фудбалска статистика, вели дека голот е реализиран после 13 секунди, а според „Бет365“ после 14 секунди.

– Елиф Елмас (после 13 секунди) го постигна најбрзиот гол во Лига Европа за италијански клуб, и најбрзиот во натпреварувањето од голот на Сикора (за Слован Либерец) во септември 2016 година (12 секунди) – објави „ОптаПаоло“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот