Елмас е подготвен за македонскиот дуел во Лига Европа!

Фото: twitter.com/sscnapoli

На денешната прес конференција во пресрет на мечот од третото коло во Лига Европа в четврток помеѓу Риека и Наполи своите очекувања ги сподели македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од редовите на италијанскиот клуб.

Натпреварот од групата „Ф“ помеѓу Риека и Наполи ќе се игра од 18.55 часот, на табелата по две кола води АЗ Алкмаар со шест бода, пред Наполи и Реал Сосиедад по три, а Риека е последна без бодови.

Во редовите на хрватската екипа се очекува да настапи Дарко Велковски, а повреден е Милан Ристовски.

Нашиот фудбалски „Дијамант“ Елмас после три неделното опоравување од коронавирусот, доби минутажа против Сасуоло, а сега се надева дека ќе добие шанса од тренерот Џенарот Гатузо и во ЛЕ против Хрватите.

– Подготвен сум да се вратам на терените, добро тренирав. Имав околу 10 дена одмор без тренинзи, но најтешкиот дел е веќе зад мене. Ми требаше подолг период да се вратам во потребната физичка форма и сега се чувствувам добро.

Не знам дали ќе играм в четврток, но чувствувам дека тренерот ми верува во пресрет на утрешниот меч. Ова за нас е еден важен натпревар и мораме да покажеме карактер, пред нас имаме тежок ривал. Едвај чекам да играм, покажам што знам и ја искористам мојата позитивна енергија да му помогнам на тимот – рече Елмас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот