Елмас добива нови соиграчи вредни 105 милиони евра

EPA-EFE/Kai Foersterling

Италијанскиот тим по триумфот во Купот на Италија почна да се засилува за следната сезона.

Според италијанските и француските медиуми, екипата на Наполи е на чекор од два големи трансфери.

Имено, наполитанците се договорија со Лил за сума од 105 милиони евра да ги ангажираат напаѓачит Виктор Осимен и стоперот Габриел.

Осимен кој сезонава експлодира во дресот на Лил, ќе го чини Наполи 80 милиони евра, додека бразилецот Габриел кој беше на радарот и на Евертон ќе биде платен 25 милиони евра.

Осимен веќе доби дозвола од Лил да го напушти тимот и да замине во Неапол на лекарски прегледи и потпишување на договорот, а во наредните денови зелено светло треба да добие е Габриел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот