Елмас добива нова конкуренција: Наполи го потпиша Политано

твитер

Италијанскиот тим донесе ново засилување во средниот ред.

Екипата на Наполи денеска го реализираше трансферот на Матео Политано. Фудбалерот во Неапол пристигнува од Интер на шестмесечна позајмица, со обврска за да го откупат неговиот договор.

Со доаѓањето на Антонио Конте на клупата на Интер, Политано го загуби местото во првиот тим и побара да биде продаден од „нероаѕурите“. Интер беше пред договор со Рома, дури ги помина и медицинските прегледи, но во последен момент трансферот пропадна.

Матео Политано е трето засилување на Наполи во јануари, откако пред него беа ангажирани Диего Деме и Станислав Лоботка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот