ЕЛМАС „ДИЈАМАНТУ“: Македонија слави голема победа над Словенија! (ВИДЕО)

Фото: ffm.mk

Во седмиот натпревар од квалификациите за пласман на ЕП 2020, македонската фудбалска репрезентација славеше со 2:1 против Словенија, важен триумф што остава во трка за една од првите две позиции кои водат на континенталниот собир.

Во првите пет минути почетно тестирање на двете страни обидувајќи кој прв да ја има повеќе контролата на топката, сеуште чекајќи ја првата сериозна шанса.

Во 13 минута гостите се обидоа преку Иличиќ, но неговиот удар заврши покрај голот на Димитриевски кој немаше потреба да реагира.

Како што и се најавуваше голема борба на средниот ред, со доста фаули, се играше отворено на двете страни.Во 18 минута првиот наш удар кон голот на Облак го имаше Елмас од околу 15 метри, но право во рацете на голманот на Атлетико Мадрид.

Во 22 минута продолжија опасните налети на Македонија, Николов од околу 20 метри испрати силен удар, но право во голманот Облак.

До крајот на првото полувреме не се случуваше ништо позначајно, иако во одредени имаше тензични и вербални дуели,секако сето тоа во жарот на борбата за секоја топка. Во судиското надополнување еден крајно сомнителен момент, Елмас постигна гол за голема радост на трибините, но беше поништен поради офсајд. Бурно се реагираше од сите страни, од играчите до холандската судиска тројка која на крајот не ни додели водство и на пауза се замина без голови (0:0).

Сето нервоза и лутина исчезна само пет минути од вториот дел, Пандев убаво го проигра Елмас кој на еден убав начин ја затресе мрежата на Облакза водство од 1:0. Во 67 минута Иличиќ кој што воглавно беше главна опасност по нашиот гол, имаше еден силен удар, но Димитриевски прекрасно одбрани.

Не така долго, после излегувањето на Пандев кој беше бурно поздравен дојде и вториот погодок, во контранапад, Адеми прекрасно го пронајде Елмас кој излезе еден на еден со Облак и беше подобар за зголемување на позитивата. Во 78 минута Несторовски се најде во убава можност и тој да се запише во листата на стрелците, но само милиметри покрај десната статива..Во финишот Словенија само го ублажи поразот преку Иличиќ од пенал.

Квалификации ЕП 2020

Група „Г“, 7. коло

Национална арена „Тодор Проески“ – Скопје, гледачи: 16.500

Македонија-Словенија 2:1 (0:0)

Елиф Елмас 50`, 68`/Иличиќ 90`

Македонија: Димитриевски, Ристевски, Адеми (Тошевски 78`), Муслиу, Алиоски, Пандев (Тричковски 66`), Ристовски (Зајков 81`), Николов,Спировски, Елмас, Несторовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот