Елмас: Чувството е прекрасно кога цел стадион го скандира вашето име

фото/фејсбук

Македонската А репрезентација оствари важен триумф против Словенија во квалификациите за ЕУРО 2020. Нашата селекција славеше со 2:1 на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Елиф Елмас одигра партија за паметење, постигнувајќи ги двата гола за Македонија. Нашиот репрезентативец го совлада Јан Облак во 50. и 68. минута. Гостинскиот напаѓач Иличиќ реализираше пенал во судиското надополнување за конечни 2:1.

– Не се важни моите голови, важни се победите на Македонија. Совладавме една добра репрезентација како Словенија. Благодарност до селекторот кој верува во овие играчи и ни кажа како да триумфираме против Словенците. Сега фокусот е насочен кон Полска. Навистина е прекрасно чувството кога целиот стадион ќе го скандира вашето име, тоа ми е сон како дете. Се радувам што по подолго време дојдоа голем број на навивачите, а ние возвративме со триумф. Се надевам дека ќе продолжиме со вакви игри, шансите за ЕП постојат, одиме и против Полска на позитивен резултат – рече фудбалерот на македонската репрезентација, Елмас.

Во квалификациската група, македонската репрезентација сега е на третото место со 11 бодови, колку што има и Словенија. Полска е лидер со 16, Австрија има 13 на второто место.

На 13. октомври, нашата репрезентација гостува во Варшава против Полска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот