Елмас би можел да игра со Фалкао, Бабел, Арда Туран..!

epa07889743 Genk's Ianis Hagi (L) in action against Napoli's Elijf Elmas (R) during the UEFA Europa League Group E soccer match between KRC Genk and SSC Napoli at Luminus Arena in Genk, Belgium, 02 October 2019. EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Турските медиуми повторно го поврзуваат македонскиот репрезентативец со еден од тамошните фудбалски врвни клубови.

Елиф Елмас кој моментно ги брани боите на Наполи е понуден на Галатасарај кој минатата сезона го освои шестото место во националниот шампионат и ќе игра во квалификациите на Лига Европа.

Покрај нашиот фудбалски „Дијамант,“ со Галата се поврзува и екс играчот на Бешикташ и Порто, Винсен Абубакар.

Гигантот од Истанбул е предводен од тренерот Фатих Терим, а во чии редови играат познати и докажани имиња како Радамел Фалкао, Рајан Бабел, Арда Туран (кој дојде летово), потоа Фернандо Муслера, Јунес Белханда…

Во својата прва сезона за „наполитанците“ нашиот интернационалец успеа да се закити со трофеј во Купот на Италија, а во Серија А запиша 26 натпревари и еден гол во триумфот над Сампдорија (4:2).

Пред да се пресели во Италија, ги бранеше уште боите на Фенербахче и Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот