Елизабета Втора не умрела од старост, имала рак на коскената срцевина

кралица елизабета втора
Кралица Елизабета Втора / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември во замокот Балморал во Шкотска. Таа имаше 96 години. Уверението за смртта на кралицата пред два месеци го објави Шкотскиот национален регистар. Елизабета Александра Мери Виндзор беше најдолговечниот британски владетел и најстариот монарх во светот. На почетокот на оваа година таа прослави седумдесет години на тронот.

Погребот на кралицата Елизабета/ Фото EPA-EFE/STEVEN SAPHORE

Кралицата почина од старост, објави BBC“, повикувајќи се на потврдата за смртта на монархот. Според уверението кралицата починала во 15:10 часот по британско време во замокот Балморал во Шкотска на 8 септември. Документот го потпишала нејзината ќерка, принцезата Ана.

Со објавувањето на биографска книга „Елизабет: интимен портрет“ на телевизискиот водителот Гилс Брандрет, светските медиуми пласираа „нови вистина“ за причината за смртта на кралицата.

Гробот на кралицата Елизабета Втора/ Фото Jane Barlow / AFP / Profimedia

Британската кралица во последните месеци од животот се борела со мултипен миелом, кој се карактеризира со оштетување на коскената срцевина, објави весникот „Independent“ повикувајќи се на новата книга на телевизискиот водителот Гилс Брандрет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✨THE WEBNEWS (@the_webnews)


Гилс беше пријател на сопругот на покојната кралица Филип.

Според потврдата за смртта објавена од шкотскиот архив, причината за смртта на Елизабета Втора била староста.

„Слушнав дека кралицата има некаква форма на миелом – рак на коскената срцевина – што ќе го објасни нејзиниот замор, губење на тежината и „проблеми со движењето“ за кои честопати ни кажуваа во последната година од животот“, напиша Брандрет во нова неговата биографска книга „Елизабет: интимен портрет“.

Брандрет истакнал дека најчест симптом на миелом е болката во коските, особено во карлицата и долниот дел на грбот, а постарите луѓе често страдаат од мултипен миелом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Riverstone (@riverstonelondon)


Кралицата Елизабета Втора , која владееше со земјата повеќе од 70 години, почина на 8 септември во Шкотска на 96-годишна возраст. Нејзиниот најстар син принцот Чарлс стана крал, земајќи го името Чарлс III, а неговата сопруга Камила доби статус на сопруга на кралот.

ФОТО: Официјално откриен надгробниот споменик на кралицата Елизабета Втора

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот