Eлизабет Харли откри дека поранешниот партнер Хју Грант ѝ е еден од најблиските пријатели

Instagram

Елизабет Харли (55) во интервју за американското списание „People“ откри дека сè уште се во добри односи со нејзиниот поранешен партнер Хју Грант (60). Елизабет Харли и Хју Грант беа еден од најпознатите парови во деведесеттите години.

Актерката откри дека нејзиниот поранешен партнер Хју, сè уште е во кругот на нејзините најблиски пријатели, бидејќи секогаш бил нејзин „сигурен извор“ кога и да ѝ требало совет за кариерата.

Instagram

„Утринава последен пат разговарав со Хју. Постојано зборувам со него. Го прашував за совет за едно сценарио што го добив“, изјавила таа.

Instagram

„Сè уште одам кај него за совет за сценарија, иако тој е среќно оженет со пет деца, јас сум среќна со сопствениот живот, сепак има одредени работи за кои навистина добро се согласуваме“ рекла таа.

Поранешниот пар останале добри пријатели, и покрај разделбата во 2000 година по 13 години поминати заедно.

Instagram

Хју сега е во брак со телевизиската продуцентка Ана Елизабет Еберстејн, со која се заедно од 2018 година. Елизабет моментално е „сингл“, по љубовните врски со Арун Најар и Шејн Ворн.

Минатиот месец таа му испратила честитка на Хју, посакувајќи му многу среќа по повод неговиот 60-ти роденден.

„Среќен 60-ти роденден на славниот Хју Грант – величествен додаток на човечката раса – иако изгледа како мајмун. Те сакам засекогаш“, била нејзината честитка.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот