Елитна населба се гради во Сарај вредна 28 милиони евра: Вили со базени, хотел, ресторани, спа-центри

фото Миа

Во Општина Сарај на 15 хектари се гради првата елитна населба со 142 луксузни вили со базени, широки дворови и огромен парк во близина. Реализацијата на оваа елитна населба наречена комплекс „Планет” на инвеститорите Валдета Касапи, Самет Мисими и Џемил Шабани, почна во ноември лани, со изградба на пристапен пат. Вредноста е 28 милиони евра.

Во комплексот се планира да има детски игралишта, спортски терени, интернет, маркет, ресторани со традиционална кујна, пошта, банка, библиотека и книжарница, градинка, надворешен амфитеатар, спа-центар, фонтана, поликлиника, хелиодром, мини кино и друго.

Во населбата се планирани шест различни типови куќи, според потребите на купувачите, ќе има дополнително 400 паркинг места, а во близина најавуваат парк од 5.000 метри квадратни кој ќе служи на сите граѓани, а во склоп на комплексот планирана е изградба на хотел и фитнес и спа-центар.

Премиерот Зоран Заев истакна дека исклучитекно значајно е тоа што градбата на целиот станбен-деловен комплекс зафаќа само околу 20 проценти од вкупната површина, а остатокот од 80 проценти припаѓа на зеленилото и природата.

– Креаторите на комплексот Планет се прилагодиле на природата и на еколошката функционалност на теренот и во средината на комплексот е централниот парк кој всушност го претставува веќе постоечката шума на границите на локацијата занеговата изградба. Вредоста на оваа инвестиција од 28 милиони евра е сериозно раздвижување и придонес и за нашата вкупна економија и затоа проектот ги заслужува сите пофалби и охрабрувања. Ова дополнително потврдува дека Северна Македонија е добро место за инвестиции. токму овој проект Планет е потврда за тоа што ние најмогу го посакуваме, а тоа е да си ги вратиме нашите луѓе дома, да бидат дома, да инвестираат дома, да го фонесат знаењето стекнато во светот и да го реализираат токму тука, на најубавото место на планетата – република Северна Македонија, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот