Елисејската палата потврди: Макрон наскоро ќе разговара со Путин

Макрон во мировна мисија кај Путин/ Фото: ЕПА

Францускиот претседател Емануел Макрон планира да одржи состанок со рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро, соопшти денеска Елисејската палата.

„Претседателот на Франција наскоро ќе разговара со претседателот Путин, се наведува во соопштението од кабинетот на Макрон.

Соопштението следи по вчерашните разговори меѓу Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кога лидерите ја повикаа Русија дополнително да повлече војници распоредени во близина на украинската граница, како и од Крим. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот