ЕЛИСЕЈСКА ПАЛАТА: Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да помогнат во истрагата за нападот на нафтната рафинерија

Фото: Профимедиа

Франција ќе испрати експерти во Саудиска Арабија кои ќе помогнат во истрагата за нападот на нафтната рафинерија Сауди Арамко, за кој САД го обвинува Иран, соопшти Елисејската палата.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, остро го осуди нападот, пренесува Елисејската палата, а притоа го уверил и саудискиот престолонаследник Мохамед Бин Салам, дека Франција му е посветена на мирот во Блискиот исток.

„Одговарајќи на барањата на Саудиска Арабија, претседателот Макрон му потврдил на принцот дека Франција ќе испрати свои експерти во Саудиска Арабија, кои ќе учествуваат во истрагата со цел да се открие кој е и на кој начин ги извршил нападите“, стои во соопштението од Елисејската палата.

Нападот кој го преполовил извозот на Саудиска Арабија со нафта би можел да и наштети на намерата на француската дипломатија да спречи конфликт меѓу САД и Иран, изјавиле дипломатите за Ројтерс, откако француски висок функционер имал разговори во Саудиска Арабија.

Одоговорноста за нападот на нафтната рафинерија во Арабија ја презема бунтовничката група Хунти од Јемен, која го поддржува Иран, но САД тврдат дека ракетите и дроновите се лансирани од јужен Иран и северниот дел на Заливот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот