Елиминирана Црна Гора, Белорусија оди во главната фаза на ЕП

фото: ehf-euro/Uros Hocevar/kolektiffimages

Кај Црногорците фантастичен беше голманот Симиќ со 15 одбрани, но не доволно да се обезбеди триумф, кај победниците со седум голови се истакна Ваилупау.

После триумфот над Србија, црногорската репрезентација ги одржа шансите за учество во вториот круг, но не успеа после поразот денеска од Белорусија со убедлив резултат 27:36.

Белорусија ќе игра во главната фаза, откако во одлучувачкиот натпревар беше подобра од Црногорците во чии редови фантастичен беше голманот Симиќ со 15 одбрани, но не доволно да се обезбеди победа.

Во победничката селекција најдобро се истакна Микита Ваилупау со седум голови од девет обиди на теренот во Грац.

Кај репрезентацијата на Црна Гора Липовина реализираше пет голови, еден помалку запишаа Шеваљевиќ и Вујовиќ.

Исланд го забележа и вториот триумф на ЕП против Русија со 34:23, а Германците кои исто го обезбедија настапот во главната фаза минимално со 28:27 ја совладаа Летонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот