Елиминиран Мареј, Димитров поразен во „маратонот“ на УС Опен! (ВИДЕО)

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Британскиот тенисер Енди Мареј го заврши учеството на грен слем турнирот во САД, тој доцна синоќа во второто коло е поразен од Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим со 3:0 (6:2, 6:3 и 6:4).

Мечот траеше 130 минути, Мареј во текот на мечот делуваше исцрпувачки и заморот од маратонскиот меч против Нишикори во првото коло кога славеше после пет сета.

Во следната фаза Алијасим ќе се соочи со подобриот од пресметката Муте-Еванс која беше прекината при резултат 1:1 во сетови поради дожд.

Настапот на „УС Опен“ го заврши и Бугаринот Григор Димитров кој загуби од Мартон Фучович со меч кој што траеше скоро пет часа, 7:6 (5), 6:7 (4), 6:3, 4:6, 1:6.

УС Опен, 2. коло (резултати) –

Волф (САД)-Карбаљес Баена (Шпанија) 3:0 (6:2, 6:4, 6:3)
Тиафо (САД)-Милман (Австралија) 3:2 (7:6 (6), 3:6, 1:6, 6:3, 6:3)
Беретини (Италија)-Умбер (Франција) 3:0 (6:4, 6:4, 7:6)
О`Конел (Австралија)-Медведев (Русија) 3:6, 2:6, 4:6

Во наредното трето коло во машка конкуренција првиот светски рекет Ѓоковиќ од Србија ќе се соочи против Германецот Штруф (01.00 ч.), а од поинтересните дуели ги одвојуваме и оние помеѓу Крајиновиќ-Гофан (18.30 ч.), Шаповалов-Фриц (19.30 ч.) и Циципас-Чориќ (22.00 ч.).

Доминик Тим си закажа пресметка со Чилиќ во третото коло на УС Опен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот