Еликсир во чинија: Виолетова супа

Фото: Unsplash

Како деновите стануваат се постудени така разните видови на супи и чорби се почесто се дел од нашата трпеза. Комбинацијата на повеќе видови коренест зеленчук ја прави оваа Виолетова супа природен еликсир кој ќе го потхрани нашето тело и ќе му даде енергија.

Фото: Unsplash

Особено е препорачлива во овој период кога настинките и вирусите царуваат.

Состојки:

– 100г морков
– 100г компир
– 100г црвена зелка
– 100г цвекло
– 100г кромид
– 1 лажица црвен пипер
– 1 лажица брашно

Подготовка:

Сите состојки се сечкаат на ситни коцки. Во сад со вода се додава прво цвеклото кое се вари 20 минути пред да се додадат и останите состојки. Супата се вари додека разновидните зеленчуци убаво не омекнат и пуштат од својот природен сок и боја, секако цвеклото ќе доминира.

Додека зеленчукот се вари во тава на малку масло се прави запршка со една лажица брашно и црвен пипер и се истура врз сварената супа. Се вари уште малку за да се соедини со запршката. Се сервира со кисела павлака.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот