Еликсир на младоста и здавјето: Како 16-часовниот пост може да ви го промени животот?

Фото: Профимедиа

Со милениуми, човештвото трага по „еликсир на младоста“ – тајната на поздрав, посреќен и повитален живот. А, одговорот е толку едноставен. Повеќечасовното нејадење докажано поттикнува подмладување на клетките – процесот на автофагија на телесните клетки им овозможува чистење и регенерација. 16-часовниот пост се заснова токму на овие научни сознанија, а сосема е лесно да се направи составен дел од секојдневниот живот.

Ефектите на подмладувањето од интервалниот пост се најдоа во фокусот на јавниот интерес на доделувањето на Нобеловата награда за медицина за 2016 година за истражување на процесот на автофагија на клетките од страна на јапонскиот биолог Јошинори Осуми.

Постот е исклучително здрав

Автофагијата долго време била запоставена на полето на проучување на процесот на стареење – нејзината важност во регенерацијата на клетките е занемарена. Во текот на последните десет години, дознавме дека постот не само што не е штетен за метаболизмот и организмот како што се сметаше претходно, туку напротив, тој е исклучително здрав.

Што е автофагија?

Автофагијата е процес на самолекување, иако буквален превод на терминот не би бил толку пријатен за увото – „јадење на самиот себе“; овој процес на заздравување и пред сè спречување на разни нарушувања и болести е многу корисен за рехабилитација на целиот организам. Во телото, автофагијата користи дисфункционални компоненти, еден вид процес на рециклирање, користејќи акумулирани токсини од ткива и клетки. На овој начин, телото преку ослободените клетки се ослободува од патолошки и други нарушувања. Се случува самодетоксикација. Здравите клетки рециклираат оштетени, стари и заболени клетки, како и микроорганизми. Со распаѓање на лошите клетки, овој материјал се користи повторно за балансирање, заздравување и заштита.

Како да се постигне автофагија?

Тоа е еден вид пост т.е. гладувањето е најсилниот активатор на автофагијата. Актофагијата се активира се случува со проток од најмалку 12-16 часа од последниот оброк. Ова е најлесно да се постигне ако ја прескокнеме вечерата, па со самото тоа голем дел од сатницата се префрла во периодот на спиење, а по будењето најчесто, и нема веднаш да бидеме гладни, па така за некое време ќе ја продолжиме сатницата на автофагијата, со што ќе му направиме на нашето тело одлична услуга за целосна рехабилитација и превенција. За време на гладувањето, во мозокот пристигнува информација дека немаме доволно храна и потоа започнува активирање на автофагијата. Наместо вечера, на организмот може да му дозволиме вода, природна лимонада или некој растителен чај, со што ќе се олесни можната потреба од вечерен оброк.

Со автофагија против малигнитет

Автофагијата дејствува превентивно, но и терапевтски за малигните болести. Во последните децении порастот на малигнитет е сѐ поголем, затоа треба превентивно да се мисли на оваа тема. Туморните клетки во процесот на автофагија се препознаваат како вишок, како нешто што е непотребно, па затоа тие се распаѓаат и телото ги рециклира.

Со автофагија против мозочен и срцев удар

Автофагијата спречува кардиоваскуларни заболувања и рехабилитира во терапија на веќе настанати такви болести; особено во спречувањето на срцевиот удар. Значи, ќе помогне да се намали и елиминира разни срцеви слабости, аритмија, срцев удар, корорнарна болест и слично.

Со автофагијата против автоимуни болести

Нарушување на имунолошкиот систем, поточно, имунитетот ги перцепира своите клетки како нешто туѓо и на тој начин преминува во самоуништување со создавање на антитела; И на тој начин настануваат автоимуни процеси (болести). Автофагијата ќе помогне со своите механизми за чистење балансирање на имунитетот и така ќе го доведе телото до излекување.

Со автофагија против дијабетес

Хиперинсулинемија т.е. инсулинска резистенција (отпорност) се случува кога клетките кои одбиваат нормален прием на инсулин од крвта за подобар проток на енергијата и функционалноста во организмот. Таквото нарушување доведува до вишок телесна тежина, полицистични јајчници, како и нарушување на менструалниот циклус, стерилитет, итн. А, сето тоа дополнително води кон дијабетес. За време на автофагијата, нивото на инсулин во крвта е многу ниско, што го активира хормонот глукагон (оној што сака да ја зголеми гликозата) и потоа ја извлекува целата преостаната енергија од клетките, и го доведува инсулинот во рамнотежа.

Со автофагија против бактериски и вирусни инфекции

Автофагијата ќе го спречи појавувањето и развојот на разни вируси, грип, како и бактериски инфекции. Особено добро ќе дојде во типични периоди од годината кога се актуелни епидемиите. Со автофагијата, имунолошкиот систем неспоредливо подобро работи.

Автофагијата го намалува холестеролот

Маснотиите на крвните садови може драстично да се намалат со процесот на автофагија, со што се подобрува целиот организам. Исто така, истражувањата покажале дека автофагијата е одлична во борбата против настанувањето и лекување на деменцијата, Алцхајмерова и Паркинсонова болест.

Со автофагија се забавува процесот на стареење

Намалувањето на калориите ќе го забави и стареењето, а покрај исхраната (што, кога и колку јадеме), во тоа ќе нѝ помогне и здравата физичка активност. Со постот т.е. со автофагијата ќе го доведеме организмот до целосна регенерација,па со тоа и ќе се подмлади. Кога лошите клетки се самоуништуваат, тогаш започнува процесот на лачење на хормонот за растот (создавање) на новите клетки т.е. подмладување. Покрај тоа, во организмот се зголемува и целата животна енергија за секојдневно функционирање.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот