Елиас Вејс Фридман шета низ Њујорк и фотографира кучињата: Портретите и приказните зад нив се прекрасни

the dogist
Портрети на кучиња / Фото: Принтскрин/Инстаграм/thedogist

Фотографот Елиас Вејс Фридман на социјалната мрежа „Инстаграм“ го следат 4,4 милиони луѓе кои веројатно сакаат да гледаат прекрасни фотографии од кучиња бидејќи тие се негови главни модели. На социјалните мрежи тој е попознат како „The Dogist“ и освен на „Инстаграм“ има профили и на „ТикТок“ и „Јутјуб“.

Тој избира кучиња по случаен избор, шетајќи по улиците на Њујорк и вели дека секогаш бара дозвола од нивните сопственици. Откако ќе ја одобрат неговата фотосесија, тој сака да се распрашува за кучето и на тој начин го дознава нивното име, што сака, каква храна или играчка му е омилена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Dogist (@thedogist)

Почнал да фотографира кучиња кога бил невработен

Со текот на годините, неговата популарност растеше толку многу што луѓето честопати го препознаваат и веднаш му кажуваат дека може да го фотографира нивното четириножно милениче пред воопшто тој да стигне да побара дозвола. Почнал да се занимава со ова хоби сосема случајно кога бил невработен.

„Се шетав по улиците секој ден и поминував време со кучињата. Се чувствував добро во нивно друштво“, рекол тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Dogist (@thedogist)

Оттогаш, неговиот проект порасна и стана познат на социјалните мрежи, а тој сега го прави тоа со полно работно време.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Dogist (@thedogist)

„Да ги имам сите пари на светот, би патувал со камера и би се дружел со кучиња“

Неговата популарност можеби најдобро се илустрира со фактот што „National Geographic“ сними интервју со него под наслов „A Day in the Life of The Dogist“.

„Понекогаш ги прашувам луѓето – ако ги имавте сите пари на светот, што би направиле? Ако ги имав сите тие пари, веројатно би патувал низ светот со камера и би се дружел со кучиња. Всушност, тоа го правам и сега“, откри тој во едно интервју.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Dogist (@thedogist)

Тој го фотографирал и германскиот овчар од официјалната резиденција на претседателот на САД во Вашингтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by President Joe Biden (@potus)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Dogist (@thedogist)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Dogist (@thedogist)

Видео на денот