Ели Гулдинг се враќа на сцената: Отворено за психичкото здравје и вознемиреноста

EPA-EFE/VICKIE FLORES

Поп ѕвездата Ели Гулдинг пред една декада беше во центарот на вниманието со својот светски хит „Light“, а тогаш призна дека не е подготвена за слава.

Следуваа турнеи и рекордна продажба на албумот „Dellirium“, кој го доби своето платинесто издание во 2015 година.

Откако направи пет години пауза за студиите, живеејќи анонимно во САД –  британската поп ѕвезда се враќа амбициозно на сцената со 18 композиции, во новиот албум „Brightest Blue“.

„Беше време на конфронтација, во кое треба да научиме многу за себе…. Ја истражував мојата душа… Си земав време за себе шетајќи низ Њујорк… Додека бев сама, далеку од музичката сцена, морав да откријам многу работи за себе. И тоа во суштина го направи мојот нов албум “.

Instagram

Гулдинг зборуваше отворено за нејзиното психичко здравје и вознемиреноста, кратко време по објавувањето на албумот „Halcyon“ во 2012 година, во кој беа презентирани сингловите „I need Your Love“ (со Калвин Харис) и „Anything Could Happen“.

„Бев воодушевена од тоа колку луѓе ми пишуваа, благодарни што зборувам за психичкото здравје кое во тоа време се сметаше за стигма“, вели Гулдинг.

„Анксиозноста неодамна стана нешто за кое многу се зборува, што е добро. Но, имаше различни реакции и луѓе кои велеа дека се презаситени. Драго ми е што го направив тоа и секогаш ќе зборувам за моите проблеми. Разбирам колку е важно да се зборува, бидејќи им помага на луѓето“.

Instagram

Гулдинг објаснува дека нејзината вознемиреност се случила со фотосесијата за американскиот музички магазин НМЕ, бидејќи во тоа време таа стартуваше во музичката индустријата.

„НМЕ беше списание кое го купував како тинејџерка, тоа беше мојата библија. Секоја недела читав за музичките бендови. Токму затоа кога почнав да соработувам со списанието, природно беше да бидам нервозна. Си велев, Боже јас го купував ова списание секоја недела и одеднаш сум во него“.

Instagram

„Да бидам искрена, жртвував многу изведби поради моите нерви. Мојата вознемиреност не ми го донесе најдоброто, затоа што ќе имав направено уште многу изведби! “

„Фестивали, да – може да бидам на сцената со стотици илјади луѓе и ќе бидам добро. Но, на ТВ во живо, испреплетено во американската музичка култура – за срамежлива англиска девојка, тоа е премногу. “

Instagram

Меѓутоа, на албумот „Brightest Blue“, Гулдинг не изгледа воопшто срамежливо.  Албумот содржи два дела, на првата страна е жестокиот сингл „Power“, додека втората страна ја претставува соработката со Diplo, Lauv, Swae Lee и Juice Wrld.

„Зборувам за себе, за моето искуство, за разбирањето кон себе како жена и тоа што го научив. Неколку песни се посветени на ситуации во кои сум била разочарана од спротивниот пол и слично. Втората страна повеќе личи на алтер его – каде јас ја толкувам улогата на самоуверена, лоша девојка што може да настапи на Греми “ – вели таа.

Ова е видеото посветено на албумот „Brightest Blue“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот