Ели Голдинг откри дека го очекува своето прво дете: Уживам

Instagram

Пејачката и текстописец Ели Голдинг ја објави својата бременост. Таа и нејзиниот сопруг Каспер Џоплин го очекуваат своето прво дете.

34-годишната пејачка ја објави среќната вест во искрено интервју за списанието „Vogue“ во кое гордо го покажа својот труднички стомак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Голдинг вели дека сакала поголемиот дел од нејзината бременост да биде далеку од очите на јавноста, за да може да се фокусира на фактот дека ќе стане мајка.

Instagram
Instagram

Помислата да бидам бремена не ми беше реална… Бременоста некако ме натера да се чувствувам човечки. Сакам да најдам подобар збор од „женствено“, но, имам облини кои никогаш порано не сум ги имала. Уживам“, сподели Ели.

Пејачката и Каспер се заедно од 2017 година, а во 2019 година стапија во брак. Тогаш младенците ги замолиле сите гости да не купуваат подароци, туку парите наменети за тоа да ги донираат на сите хуманитарни организации што ги поддржуваат тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот