Елезовски: Влезот во ЕУ и НАТО треба да гарантира стабилност за Ромите - Слободен печат

Елезовски: Влезот во ЕУ и НАТО треба да гарантира стабилност за Ромите

Активистот за човекови права Бајрам Берат истакна дека во оваа држава сите млади имаат проблеми без разлика на име, презиме, верска и политичка припадност.

Приближувањето и влезот во ЕУ и НАТО треба да ни гарантира еден вид на стабилност, рече извршниот директор на Националниот ромски центар (НРЦ) Ашмет Елезовски во Скопје на работилницата со наслов „Рoмите денес – Каде ќе бидеме утре”, организирана од НРЦ.

-Приближувањето и можноста за отпочнување на преговорите треба да ни даде некој стандард кој ќе биде приближен со владеењето на правото и животниот начин на финансирање и опстојување, а од друга страна многу важен сегмент во сите овие е како ќе се одвиваат изборите во земјава бидејќи досега бевме неми посматрачи или во комплетна изолација. Сметам дека ова е мислење на целокупната ромска националност бидејќи бевме во комплетна излоација заедно со турската, српската, влашката националност бидејќи се преговараше само од две страни – албанската и македонската. Многу работи се донесоа и затоа го имаме и енормното иселување или разочарување на помладите- истакна Елезовски.

Настанот, посочи Елезовски, е само континуитет на сите анализи дека изминатите години се случувале и се случуваат работи кои всушност не се во правец на владеење на правото, туку одат во насока на поголеми недоверби кон институциите, а од друга страна и зголемена миграција. Прекршувањето на правата на луѓето, вели тој, се видливи на секој чекор.

Прочитајте и...  Во Охридското езеро снимена колонија од ЗАГРОЗЕН ВИД на рак, полна со јајца (ВИДЕО)

– Мојата порака е каде сме денес, каде ќе бидеме утре ? А тоа е прашање кое треба да се однесува за сите граѓани, а многу повеќе за Ромите бидејќи имаме голем број разочарани Роми, во многу тешка ситуација, имаме голем број едуцирани кадри Роми кои за жал секојдневно аплицираат, но имаат можност само оние кои се со средно образование да се вработот во маркетите бидејќи ги пополнуваат празнините на луѓето кои заминале, нагласи Елезовски.

Тој соопшти дека ќе продолжат со вакви работилници во повеќе градови, бидејќи како што рече, Ромите се најмаргинализираната, најдискриминираната, а има и расистички ситуации.

– Во февруари во Берлин ќе учествуваме на една интернационална средба која ќе биде по наслов „Антициганизмот во Европа”, а ќе зборуваме за многуте форми на дисриминации, а паралелно со тоа веќе имаме контакти со многу луѓе од Европските институции каде они велат дека доколку ние молчиме нема да успееме да достигнеме правда во иднина. Граѓаните, а и Ромите имаат право да стигнат до правилни одлуки и да уживаат во благодетите. Во моментов ние не уживаме во благодети- рече Елезовски.

Прочитајте и...  Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Советот на јавни обвинители

Активистот за човекови права Бајрам Берат истакна дека во оваа држава сите млади имаат проблеми без разлика на име, презиме, верска и политичка припадност.

– Оваа наша борба под ова македонско сонце, на ова македонско поднебје, на оваа македонска земја, по се изгледа дека е борба против нешто што не го гледаме. Ние никако да ја видиме сиромаштијата. Никако да ја видиме несреќата, никако да ги видиме солзите во очите на нашите сограѓани, пријатели. Не можеме да го чуеме лелекот на своите родители кога не молат останете овде, не одете надвор. Овде е добро, ќе биде подобро, но младиот човек оди надвор, младиот човек не е задоволен. Си играме со судбините на луѓето. Посебно Ромите се земени како еден модел, како експеримент, со сите тие т.н. големи заложби, ромска декада, стратегија, рече Берат.

Прочитајте и...  Пронајдено безживотно тело на Шар Планина

Не може, додава тој, да барате од мене нешто ако не сте ми овозможиле услови за таквото нешто, немате право.

– Ајде да бараме начин да им создадеме услови на младите луѓе да останат тука, тие млади луѓе да имаат подеднакви шанси за вработување, не на почеток на објавување на конкурс да стои се примаат толку Албанци, толку Срби, толку Македонци, толку Роми итн. Зошто така? Ајде да го примиме квалитетот, истакна Берат.

Прочитај повеќе

Казна за полицајците кои употребувале прекумрена сила на протестите против Путин

Слободен печат

Законот за јавното обвинителство топ тема во партиските соопштенија: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ пак за криминалот во туѓиот двор

Весна Тодоровска

КОНЕЧНО: Од денеска може да се купи билет за едно возење во автобус

Слободен печат

Од рекламите и валканите прозори, патниците во автобусите на ЈСП не знаат каде да се симнат (ФОТО+ВИДЕО)

Предупредувања за голема опасност од поплави во три округа во Англија

МИА Агенција

Ангеловска: Преку МСИП забрзано се градат и рехабилитираат локалните патишта

Слободен печат

Остави Коментар

18 − четири =

Прочитај повеќе

МВР го снимило Боки 13 како оди дома кај Катица Јанева

Горан Наумовски

Мицкоски го повикува Заев на ТВ дуел

Слободен печат

Николовски: Приклучете се на маршот „Чекориме за правда“

Слободен печат

Косово: На свечената седница за годишнината од независноста истакнато знамето на УЧК

Слободен печат

Жерновски: НАТО се подготвува за македонското знаме! (ВИДЕО)

Слободен печат

Забранета апликација слична на „Ватс-ап“ поради наводна шпионажа

Слободен печат