Некогаш сонувала да стане астронаут, актерка, произвадувач на парфеми и да живее во топла земја покрај море, но суднината одлучила од сите соништа да и се оствари само последниот.
Додека бев на училиште, многу пати добивав ќотек и бев понижена дека бев буцкаста. На 11 години драстично ослабнав и се плашев да проголтам и мастика за џвакање, верувајќи дека е полна со калории. На 17 години се запишав на студии по психологија, а на 21 година почнав да работам во туристичка агенција, а на 25 години отидов да го посетам Египет. Тоа беше во 2002-ра година.
На прв поглед се заљубив во оваа земја, нејзината историја и морето. Седум години покасно добив понуда за работа како рецепционерка во хотел во Хургада во Египет. Условите беа толку добри што мојата мајка, која се противеше на моето размислување да ја напуштам Русија, ми кажа да прифатам.
Веднаш бев предупредена на опасностите. Ми рекоа да бидам внимателна. Во хотелот имаше два менаџери кои беа познати по романсите со туристи. Сепак очигледно не бев доволно внимателна, бидејќи еден од нив една година подоцна беше мој сопруг.
Тој почна да ми придава многу внимание. Ми праќаше подароци, инсисираше да му се јавам кога ќе стигнам дома. На почетокот не ме привлекуваше физички, не ни размислував за врска со него, дури го запознав со моја пријателка со која мислев дека би биле совршена двојка. Беше добар, пристоен, имаше сјајна смисла за хумор. На почетокот бевме само пријатели, одевме заедно на прошетки, бевме и на патување во Каиро. Одеднаш решивме да се венчаме.
Живот во хотел
Мојот сопруг продолжи да работи во хотелот кој не спои, а јас живеев како кралица, а никогаш не сфатив зошто. Персоналот ја чистеше мојата соба, јадевме во ресторанот, нашата прва ќерка уживаше на плажа. Во еден момент бев уморна од толку одмор.
Кога забременив по вторпат, уште живеевме во хотелот, а тогаш мојот сопруг одлучи да ја смени работата и се преселивме во стан, каде морав да работам буквално, да чистам, да готвам и да се грижам за мојата ќерка и новородениот син.
Не можев да горвам, а со децата имав многу проблеми. Бев подготвена да оставам се и да заминам во Москва. Мојата мајка се разболи, мојот син доби руско државјанство, па заминавме таму. Постепено нашата врска прерасна во големо почитување и пријателство, а љубовта ни ја зацврсти уште една ќерка. Мојот сопруг е грижлив татко и подготвен е да направи се за своите деца.
Мојот сопруг сака да знае се
Мора да знае се, кој што јадел денес, кое дете кога било во тоалет и дали е се во ред. Знае се за децата, кој кога треба да прими вакцина, која величина на облека носат, се им купува сам. Мислам дека ни јас не се грижам толку за децата колку тој.
Живеам во нашиот харем кој брои седум членови. Сопругот, јас, трите деца и двете мачки. Јас сум му единствена сопруга. И како што ми се чини, така и ќе остане. Мојот сопруг не е доволно богат за да може себеси да си дозволи неколку сопруги, бидејќи секоја од нив мора да има ист третман.
Прво што ќе помислат оние кои ќе слушнат каде сум се омажила, мислат дека сум ја променила верата заради сопругот. Всушност јас тоа го направив тоа многу пред да го сретнам. Никој не може никого да го натера на нешто, а мислам дека промената на верата подари мажот е само лицемерие. На крајот на краиштата, мажот муслиман има прави да се ожени со жена од било која религија.
Јас сум домаќинка, но не сум роб
Редовно одам на прошетки и се дружам со Русинките овде, ги носиме децата на игралиште, одиме на кафе, чај, сок. Слободното време го поминуваме како и сите други жени во светот.
Во еден период бев на работ да си заминам. Се ме нервираше и иритираше: валканоста, менталитетот, луѓето, инсектите…
Овде бубашвабите се со големина на глувци и можат и да летаат. Сиромаштијата е ужасна, а улиците се премногу валкани. Покрај тоа, многу ме нервираше како чистат, со истата крпа се брише и подот и масата. Без проблем валканите детски чевли се ставаат врз нивните играчки. Становите не се чисти, ниту луѓето.
На ова прашање не можам ни самата да си одговорам. Понекогаш сакам да одам во Русија и да ги видам сите мои роднини, но таму е се сменето.
Работите се менуваат многу и брзо, но и јас сум променета. Пријателите ми велат дека со хиџаб не изгледам природно, тие ме знаат од мојот претходен живот, знаат колку сум отворена и слободна, па се изненадени дека прифатив да носам ваква облека.
Секогаш сакам да се вратам во Египет. Мојот дом е сега таму, сјајно се чувствувам, а таму ми се и луѓето кои ме сакаат.
Жените во Египет го менуваат името според најстариот син
Претходно бев Џенет, но откако го родив синот, луѓето ме довикуваат со неговото име. Само роднините и најблиските пријатели ме викаат Лена, скратено од моето прво име Елена. Во јавноста, го користам името Адам.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во новото издание на подкастот „Политиканти“ се најдоа среде изборен молк, а изборите се неизбежна тема во последно време, па мораа да одат од околу. Освен констатираната здодевност на претседателската кампања воопшто, двајцата „политиканти“ се „произнесоа“ во свој стил за претседателската дебата. Онаа маратонска, со сите седум кандидати. Добиј ги …
Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во новото издание на подкастот „Политиканти“ се најдоа среде изборен молк, а изборите се неизбежна тема во последно време, па мораа да одат од околу. Освен констатираната здодевност на претседателската кампања воопшто, двајцата „политиканти“ се „произнесоа“ во свој стил за претседателската дебата. Онаа маратонска, со сите седум кандидати. Добиј ги …