Елена Ристеска со емотивна објава за татко ѝ: Најпразните шест години во мојот живот

Фото: Инстаграм, Елена Ристеска

Загубата на родител е една од најболните ситуации со кои може да се соочи еден човек и таа празнина ништо не може да ја пополни.

Македонската поп-ѕвезда Елена Ристеска го загуби татко ѝ на денешен ден во 2016 година. Низ годините, пејачката отворено зборуваше за тагата која не може да ја излечи времето и одвреме-навреме споделуваше емотивни објави посветени на нејзиниот татко.

Годинава, Ристеска сподели неколку фотографии од младоста на татко ѝ и напиша дека последните шест години ѝ се најпразните во животот.

„Најпразните шест години во мојот живот“, напиша пејачката во описот на семејните фотографии кои ги сподели на Инстаграм.

Видео на денот