Елена Ристеска денес има повод за славење: „36 години и не е така лошо, нели?“

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Нашата пејачка Елена Ристеска денес го слави својот 36-ти роденден. Во ресторан на плажа, со пијалок на масата, Елена им се заблагодари на сите кои и испратиле роденденска честитка и ѝ го разубавеле денот.

„Ви благодарам на сите за роденденските честитки, 36 години и не е така лошо, нели? Ако знаеш како да уживаш во секоја од нив. А денес посебно уживам читајќи ги вашите убави пораки“, напиша Елена покрај фотографијата на својот Инстаграм профил.


Веруваме дека до крајот на денот ќе добие уште многу роденденски честитки кои дополнително ќе ја израдуваат.

Среќен роденден и од нас Елена!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот