Елена Марковска: Со три состојки до темелна нега на лице

Елена Марковска

Работата во телевизија подразбира „малтретирање“ на кожата и косата. Така, и презентерката и уредник во телевизија „Алфа“, Елена Марковска, постојано е изложена на несекојдневна шминка, со подлога, па со пудра, па камена пудра.

– Таа „тешка“ шминка ја поднесувам со часови, па кога ќе се вратам дома, по напорниот ден поминат на вести, морам да ја истретирам кожата. Темелно го мијам лицето и потоа нанесувам маска која сама си ја подготвувам со состојки што сите ги имате во фрижидер – вели Елена.

Еве го нејзиниот проверен рецепт за потхранување на лицето:

2 големи лажици јогурт, 1 мала лажица мед и 1 мала лажица мајонез. Состојките се мешаат, па потоа маската се нанесува на лицето. Оставете ја да отстои половина час. Отстранете ја со млака вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот