ЕЛЕН ДЕЏЕНЕРИС: Очувот ме допираше кога имав 15 години и глумеше дека е доктор

youtube
Youtube

Водителката Елен Денеџерис неодамна проговорила за сексуалното злоставување што го доживеала како тинејџерка.

Во интервјуто за „My Next Guest Needs No Introduction“, на водителот Дејвид Летерман му открила како нејзината мајка Бети направила голема грешка кога по вторпат се омажила, бидејќи очувот сексуално ја злоставувал Елен.

Деџенерис објаснила дека Бети во тоа време боледувала од рак на дојката, па нејзиниот очув ја „проверувал“ Елен дали има грутки во градите, а кога тоа ѝ го кажала на мајка ѝ, таа не ѝ поверувала.

„Кога мајка ми беше на пат, ми рече дека нашол грутка на нејзините гради и дека мора да ги напипа и моите за да провери да не имам и јас. Имав само 15 години и не знаев ништо за човечкото тело. Бев преслаба да му се спротивставам. Ова е навистина една гроозна приказна која одлучив да ја споделам за ниту една девојка да не го допушти тоа“, изјавила Елен.

Водителката додала дека очувот еднаш се обидел да провали во нејзината соба.
„Кога слушнав дека провалува во мојата соба, го скршив прозорецот и побегнав. Не сакав тоа да ѝ го кажам на мајка ми бидејќи сакав да ја заштитам, а и знаев дека е скршена“, додала Елен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот