Елен Деџенерис и Порша де Роси: Љубов на прв поглед, но и страв од осуда

instagram

По цели 12 години брак, Елен Деџенерис и Порша де Роси се можеби еден од најпознатите истополови парови денес, но нивната љубовна приказна, која трае веќе 16 години, не била типична за Холивуд, барем не во времето кога започнале со врската и кога не биле јавни нивните сексуални преференции.

Нивната прва средба се случила на забава, а за Порша де Роси тоа било љубов на прв поглед. Но, не било веднаш сè идеално. Бидејќи во тоа време сè уште не ја изразувала јавно својата сексуална ориентација, Порша молчела три години. Ѝ раскажала за сето ова на Опра Винфри во интервју во 2009 година:

„Знаев дека е вистинската кога ја видов, но ми требаа три години да ѝ кажам како се чувствувам за неа, бидејќи во тоа време, кога ја снимав „Али МекБил“, не зборував јавно за мојата сексуална ориентација. Се плашев јавно да зборувам за љубовта кон жените, мислев дека тоа ќе биде крај на мојата кариера. Затоа не ни размислував за врска со најпознатата лезбејка во светот“, вели Порша.

По неколку години од првата средба, се сретнале на снимање. Порша тогаш сфатила дека нејзините чувства кон Елен не се промениле низ годините.

„Ѝ пристапив и ја поздравив, во моментот кога таа се сврте и ме погледна, имав чувство дека стрела буквално ми го прободе срцето. Колената почнаа да ми се тресат, но ми се допаѓаше како се чувствувам. Сепак, ми требаа уште 10 месеци да соберам сили и да направам нешто во врска со тоа“, вели Порша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Portia de Rossi (@portiaderossi)

Нивното официјално појавување како пар се случило една година подоцна, на забава организирана по повод доделување на „Golden Globes“, а подоцна во 2005 година, Порша де Роси конечно јавно во интервју за „The Advocate“ признала дека сака жени.

„Верувајте ми, ми беше многу тешко и долго се борев со сопствената сексуалност. Јас не одбрав да бидам геј, но избрав да живеам геј, што ме плашеше, особено затоа што бев актерка“, изјави де Роси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ellen DeGeneres (@theellenshow)

Двете се преселиле во нивниот прв заеднички дом во Лос Анџелес, а кратко потоа Елен Деџенерис за списанието „People“ открила: „Ова е првпат во мојот живот на некој да му ја знам душата и да знам дека ќе бидам со неа до крајот на мојот живот“.

Тие ја озакониле својата врска со интимна церемонија на 16 август 2008 година, откако Врховниот суд во Калифорнија донесе одлука дека хомосексуалните парови можат да стапуваат во легален брак. Две години подоцна, актерката го сменила и презимето и станала Порша Ли Џејмс Деџенерис.

Она што ги поврзало уште повеќе биле приватните проблеми. Елен Деџенерис била сексуално злоставувана од својот очув кога била тинејџерка, а поради јавното говорење за нејзината сексуалност, повторно поминувала низ тешки моменти и се борела со депресија. Порша де Роси пак, имала проблеми со исхраната, за кои зборува во својата книга „Underable Lightness: A Story of Loss and Gain“.

„Многу се сменив откако ја запознав Елен. Дотогаш, мислев дека единствениот начин да бидам силна е да бидам злобна, а да бидам независна значи дека не ми треба никој. Но, таа ме научи дека колку сте почувствителни и колку повеќе им дозволувате на другите да влезат во вашиот живот и срце, толку сте посреќни и повеќе се цените себеси. Елен целосно го смени начинот на кој гледам на животот и ме научи да не се грижам за тоа што другите ќе кажат и да не морам да глумам нешто што не сум“.

Заедничка била одлуката да немаат деца, бидејќи се дел од забавната индустрија и сметале дека може да биде товар за децата да мораат да ги „делат своите родители со светот“. И наместо деца, тие одлучиле да имаат домашни миленици, пренесува „tportal“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Portia de Rossi (@portiaderossi)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот