ЕЛЕМ го префрла производството на струја од традиционални технологии кон обновливи извори на енергија

струја

Две фотонапонски централи од по 10 мегавати во сопственост на АД ЕСМ и една од 100 мегавати која ќе се гради по принципот на јавно-приватно партнерство, ќе го заменат капацитетот на РЕК Осломеј, кој изнесува 120 мегавати инсталирана моќност, вели генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

За енергетската трансформација која се спроведува во државава започната преку најголемиот проект на изградба на фотонапонски електроцентрали на местотот на исцрпениот рудник за јаглен во РЕК Осломеј-Кичево репортажа емитуваше балканската телевизиска мрежа Ал Џазира.

Ковачевски потенцира и дека истовремено со енергетската трансформација се работи и на социјална трансформација, односно дел од вработените во термоелектраната Осломеј ќе бидат префрлени во фотонапонските електрани.

-Проектот наидува на поддршка кај локалното население и исто така е поздравен и од Европската енергетска заедница од чија страна Северна Македонија беше истакната како лидер во реформите во секторот енергетика, нешто што се потврдува и со проектот за енергетска трансформација кој го спроведува АД ЕСМ, а чија цел е постепено префрлање на производството на електрична енергија од традиционалните технологии кон чисти и обновливи извори на енергија, како сонце, ветер и вода, информира ЕЛЕМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот