Електролукс го прекина производството во Унгарија

Електролукс/ Фото: IBL / Shutterstock Editorial / Profimedia

Шведскиот производител на апарати за домаќинство Електролукс одлучи да го затвори производството во унгарската фабрика Нирегихаза на почетокот на 2024 година поради очекуваната послаба побарувачка во период на висока инфлација и високи каматни стапки.

Фабриката во Нирегихаза произведува фрижидери и вработува околу 650 работници. Компанијата објави дека, поради прекинот на производството во Унгарија, ќе резервира трошоци за реструктуирање од околу 550 милиони шведски круни (48,5 милиони евра) во првиот квартал. Тие посочија дека очекуваат помал обем на продажба оваа година поради послабото расположение на потрошувачите, додавајќи дека можеби нема да можат целосно да ги пренесат повисоките трошоци за енергија и работна сила на клиентите.

Според нивната проценка, побарувачката годинава би требало да ослаби во Европа и Северна и Латинска Америка, додека стабилна треба да биде во азиско-пацифичкиот регион, Блискиот исток и Африка. На 11 јануари, Електролукс предупреди дека поради континуираните високи трошоци и слабата побарувачка, особено во Северна Америка, очекува оперативна загуба во четвртиот квартал од околу две милијарди круни и пад на органските приходи за осум отсто.

Тие денеска објавија дека во последните три месеци од минатата година работеле со оперативна загуба од 1,96 милијарди круни (190,3 милиони долари), наведувајќи ги трошоците за реструктуирање од 1,5 милијарди круни. Во истиот период во 2021 година забележаа оперативна добивка од 882 милиони круни, објави Индекс хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот