Електричните автобуси го погодија нафтениот пазар

Засега нафтената индустрија нема причина да се грижи од американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ и последиците врз пазарот на горива.

Заканата, всушност, доаѓа од друго место – Кина и нејзиното постојано зголемување на флотата од електрични автобуси, пишува „Bloomberg“.

До крајот на оваа година се очекува потрошувачката на дизел гориво во светот да падне за 270.000 барели дневно, а најголем пад ќе дојде токму од замената на автобускиот превоз со електрични и тоа главно во Кина.

Количината на заштедено гориво од овој вид транспорт е трипати поголем од оној за сите електрични автомобили во светот (пазар на кој „Tesla“ држи околу 12%).

И покрај бурниот раст во последниве години, одразот на електричните возила врз нафтениот пазар сè уште е скромен, забележуваат аналитичарите на „Bloomberg“.

Од 2011 година електричните автобуси и автомобили го намалиле растот на нафтената побарувачка со вкупно 3%, а уделот кој ќе ја замени оваа потрошувачка е само 0,3 отсто.

Автобусите се многу поважни поради нивната големина и фактот дека тие постојано се користат. За секои 1.000 електрични автобуси кои одат по патиштата, дневната потрошувачка на дизел се намалува со 500 барели.

За споредба, 1.000 автомобили со електрична енергија ја намалуваат побарувачката за само 15 барели.

Но влијанието на овој тип возила врз нафтениот пазар ќе расте сè повеќе со годините, пишува изданието.

До 2040 година електричните автомобили ќе го заменат користењето на 6,4 милиони барели гориво дневно, а зголемувањето на ефикасноста на конвенционалните бензински и дизел мотори ќе доведе до дополнителна заштеда на уште 7,5 милиони барели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот