Ела Дворник: Кога ме прашуваат како ќе ми се вика бебето, им го кажувам ова име. Реакциите се феноменални!

Instagram

Хрватската блогерка и ќерка на легендарниот Дино Дворник, Ела Дворник, неодамна своите следбеници ги извести дека е повторно бремена, а деновиве воодушеви со статусот за името на бебето.

Новиот член на семејството Пирс-Дворник доаѓа напролет, а изгледа дека многу љубопитни познаници ја прашуваат Ела како ќе се вика бебето. Таа смислила генијален одговор за сите.

„Кога некој ќе ме праша како ќе се вика бебето, јас му го кажувам името на тој што ме прашал. Реакциите им се врв! Тоа ме забавуваше за време на првата бременост, сега помалку, ама може на вас ќе ви биде корисно“, напиша, а оваа фора многу им се допадна на нејзините фанови на Фејсбук.

Некои почнаа и да погодуваат како навистина ќе се вика бебето, па еден нејзин фан смета дека Ела и Чарлс бебето ќе го наречат според местото каде што е „направено“.

Ела и за ова имала духовит одговор.

„Па, загребските квартови и не се баш нешто. Како ти се викаат децата? Чрномерец, Шпанско и Травно?“, се пошегува пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот