Η έκπτωση είναι άχρηστη κατά την οδήγηση ενός αυτοκινήτου "διάλειμμα"

αυτοκίνητα
αυτοκίνητα / φωτογραφία: EPA / EFE

Сопствениците на возила со странски таблички, кои ги исполнуваат условите, даваат изјави на нотар, со кои потврдуваат дека колите им се влезени на македонска територија пред 1 октомври 2020 и дека ќе ги регистрираат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон (30 јуни 2021 година)

Нема некој посебен интерес за пререгистрација на возилата со странски таблички со 50 проценти попуст од утврдените давачки е најкусиот впечаток, кој може да се извлече од одговорите од станиците за технички преглед во Струмица, Штип и во Битола, кои ги контактираше „Слободен печат“. За ваквата ситуација на терен, пресуден момент е фактот што најголемиот дел од овие возила се со еуро-2 или еуро-3 стандарди, што ќе рече не се „подобни“ за исполнување на условите за искористување на можноста што им ја даде државата. Оние возила што се со еуро-4, а чии сопственици имаат странски пасоши, се решаваат за легална регистрација во земјата од каде што ги купиле (најчесто Бугарија) и ја користат можноста три месеци да ги возат дома, а потоа три месеци во странство. Оние, пак, кои ги исполнуваат условите, даваат изјави на нотар, со кои потврдуваат дека колите им се влезени на македонска територија пред 1 октомври 2020 и дека ќе ги регистрираат во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон (30 јуни 2021 година).

– Нема голем интерес, ниту навалица за пререгистрација. Повеќето возила не ги исполнуваат стандардите. Тие што имаат бугарски пасоши, најлегално си ги носат преку граница за да ги регистрираат и може да ги возат три месеци дома и три месеци надвор. Оние што се со еуро-4 стандарди, веќе ги поднесоа барањата за пререгистрација и ќе чекаат да се заврши процедурата, која опфаќа повеќе контроли и трае подолго - λένε για "Ελεύθερος Τύπος" στο AMSM-AMD Strumica.

Во Битола нема многу такви возила, па и интересот е речиси минимален, ни рекоа во АМСМ-АМД Битола, а слична е состојбата и во Штип.

– Иако роковите се куси, граѓаните што имаат намера да ги легализираат овие возила со 50 отсто попуст, мора да дадат две изјави на нотар и да го запазат рокот до крајот на месецов. Но, нема особен интерес – ни објаснија во АМСМ-АМД Штип.  

Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблички на територијата на Македонија пропишува дека сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето што ќе го купи возилото, ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон.

– Сопственикот или корисникот на возилото односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето што ќе го купи возилото, поднесува изјава заверена кај нотар, со која под кривична, морална и материјална одговорност потврдува дека возилото има направено влез на територија на Македонија до 1 октомври 2020 година и ја приложува при регистрација на возилото. Изјавата се приложува и на надлежниот царински орган во постапка на увозно царинење на возилото. Износот на обврските за возилата што ќе се увезат и регистрираат по овој закон се намалува за 50 отсто од утврдената вредност на сите давачки што се наплатуваат при увоз. При увоз на возилото, сопственикот или корисникот на возилото односно лицето овластено за отуѓување на возилото доставува и изјава заверена кај нотар, со која под кривична, морална и материјална одговорност потврдува дека возилото по завршување на постапката за увоз ќе го регистрира според одредбите од овој закон. Барањето за регистрација може да се поднесува во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон (11 јануари 2021 година) – стои во Законот.

Промовирајќи го Законот, од Владата сметаа дека по оваа основа, во Буџетот ќе се слеат околу дваесетина милиони евра. Инаку, 2.170 возила со странски регистерски таблички биле оцаринети во првите четири месеци, според законските прописи, информираа неодамна од Царинската управа на Македонија за „Слободен печат“. Според податоците,  66 проценти од овие возила биле со бугарски таблички, а државата наплатила околу 3 милиони евра приходи.

Αγαπητέ αναγνώστη,

Η πρόσβασή μας στο περιεχόμενο ιστού είναι δωρεάν, γιατί πιστεύουμε στην ισότητα στην πληροφόρηση, ανεξάρτητα από το αν κάποιος μπορεί να πληρώσει ή όχι. Ως εκ τούτου, για να συνεχίσουμε το έργο μας, ζητάμε τη στήριξη της αναγνωστικής μας κοινότητας στηρίζοντας οικονομικά τον Ελεύθερο Τύπο. Γίνετε μέλος του Sloboden Pechat για να βοηθήσετε τις εγκαταστάσεις που θα μας επιτρέψουν να παρέχουμε μακροπρόθεσμες και ποιοτικές πληροφορίες και ΜΑΖΙ ας εξασφαλίσουμε μια ελεύθερη και ανεξάρτητη φωνή που θα είναι ΠΑΝΤΑ ΣΤΟ ΠΛΕΥΡΑ ΤΟΥ ΛΑΟΥ.

ΥΠΟΣΤΗΡΙΞΤΕ ΕΝΑΝ ΕΛΕΥΘΕΡΟ ΤΥΠΟ.
ΜΕ ΑΡΧΙΚΟ ΠΟΣΟ 60 ΔΕΝΑΡ

Βίντεο της ημέρας