„Ел Матадор“: Кавани во нападот на Манчестер јунајтед!

Фото: Твитер

И официјално во последните часови од преодниот рок, Манчестер јунајтед го промовираше големото засилување кое се најавуваше во текот на изминатиот период.

Единсон Кавани (33), познат и како „Ел Матадор“ потпиша договор на една година со „црвените ѓаволи“ со можност истиот да биде продолжен на уште една година.

Уругвајскиот интернационалец ја освои „Златната копачка“ во „Лига 1“ и Серија А, од доаѓањето во Европа во 2007 година реализираше 341 гол на клупско ниво, вклучувајќи 35 во УЕФА Лигата на шампионите.

Со ПСЖ имаше шест лигашки титули и со 200 запишани погодоци се промовираше во водечки стрелец на вечната листа на париските „светци“.

Со репрезентацијата триумфираше на „Копа Америка“ во 2011 година, со реализирани 50 голови во 116 настапи за Уругвај.

– Манчестер јунајтед е еден од најголемите клубови во светот, голема чест е да биде дел од оваа екипа. Имам желба да се натпреварувам и го претставувам овој неверојатен клуб. Сум играл пред некои од најстрасните поддржувачи во фудбалот за време на мојата кариера и знам дека така ќе биде и во Манчестер. Едвај чекам да ја доживеам атмосферата на „Олд Трафорд“, секако кога ќе биде безбедно за навивачите да се вратат.

Едвај чекам да продолжам да ја пишувам мојата мала приказна во фудбалската книга и знам дека затоа мојот фокус мора да остане ист како и секогаш – работа, работа, работа. Имав разговор со менаџерот и ова ја зголеми мојата желба да го носам овој прекрасен дрес – вели Кавани за клупскиот сајт на Манчестер јунајтед.

Телеш ја освежи одбраната на Манчестер јунајтед! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот