„Ел Локо“ Биелса останува менаџер на Алиоски, ќе го води Лидс во Премиер лигата!

фото: твитер

Аргентинскиот стратег се договори со управата на новиот премиерлигаш за продолжување на соработката и дека ќе го води клубот од „Иланд роуд“ и во новата натпреварувачка сезона 2020/21.

Марсело Биелса кој после 16 години ја врати екипата во елитата, потврди дека останува менаџер на Лидс и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски.

На крајот од минатата сезона му истече договорот, но сега доаѓаат информации дека и натаму ќе го води кормилото на Лидс кој на стартот од сезоната во Премиер лигата во првото коло ќе се соочи против шампионот Ливерпул на „Енфилд“.

– Ќе работам во Лидс и во новата сезона. Се договоривме, дефинитивно ќе бидам во овој клуб – рече 65-годишниот Биелса на конференцијата за медиуми.

Во својата тренерска кариера пред да се пресели во Англија ги водеше уште Лил, Лацио, Марсеј, Атлетил Билбао, Еспањол, Вележ Сарсфилд, Америка, Атлас и Њуел`с Олд Бојс, а беше и селектор на репрезентациите на Аргентина и Чиле.

Алиоски оптимист на патот кон ЕП: Имаме шанси да го победиме Косово!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот