„Ел Команданте“: Вардар не згреши со Писонеро!

Фото: elnortedecastilla.es/RODRIGO JIMÉNEZ

Поранешниот тренер на „црвено-црните“, Раул Гонзалез во интервјуто за „Ел Норте де Кастиља“ говореше за новиот историски успех на Вардар во ЛШ.

После заминувањето на Парондо, веднаш македонскиот и европски ракометен шампион пронајде замена, нов шпански стратег Писонеро. Во меѓувреме тимот почна и да се засилува за следната сезона.

Гонзалез, поранешниот селектор на нашата репрезентација или популарниот „Ел Команданте“ вели дека „црвено-црните“ не згрешиле со новиот потег на тренерската клупа.

– Давид Писонеро е мој пријател, уште еден тренер кој доаѓа од школата на Ваљадлид. Во Вардар сакаа техничар со слични карактеристики и мислам дека Давид одлично ќе се вклопи во екипата – вели Гонзалез.

Фото: РК Вардар

Запрашан и околу тоа дали летонскиот десен бек Даинис Криштопанс е клучен играч на тимот, тој одговори:

– За било кој тим, не само во Вардар. Со неговата висина и тежина не само што е клучен, но и придонесува со своите асистенции до своите тимски колеги. Тој има уште една година од договорот со Вардар, а наредната сезона ќе дојде во ПСЖ – додаде Гонзалез кој пак има уште две години од соработката со францускиот клуб.

Не го изненадува фактот што Вардар одново е на врвот во Европа, на располагање со фантастични играчи, Роберто Гарсија Парондо одлично ја подготвил екипата за решавачките средби.

Првата цел и во новата сезона на Раул со париската екипа ќе биде пласман на Ф4 турнирот во Германија, а потоа и со сите сили во обид да го симне Вардар од тронот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот