„Ел Класико“ ќе се игра во вечерен термин

twitter.com/English_AS

Денешните најнови информации велат дека традиционалното „Ел Класико“ ќе се игра во вечерен термин од 20.00 часот, наместо од 13.00 часот како што првично се најавуваше.

Двете екипи одбија замена за домаќинство, односно да се игра дуелот во Мадрид, наместо во Барселона.

„Ла Лига“ инаку планираше да го закаже дербито на 7 декември, но одлучено е да се игра на 18 декември (среда).

Натпреварот Барселона-Реал Мадрид, кој требаше да се одигра минатиот месец, беше одложен поради политичките немири во Каталонија.

Моментно на табелата во шампионатот води Барселона со 25 бодови, колку што има и Реал Мадрид на второто место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот