„Ел Класико“ ќе каже многу за иднината на Зидан во Реал!

твитер

„Кралевите“ ги разочараа своите навивачи со стартниот пораз на домашен терен во Лигата на шампионите пред два дена од Шахтјор Доњецк.

Веднаш шпекулациите за заминување на тренерот на Реал, Зинедин Зидан, а потсетување дека пред мечот со Украинците, мадридскиот гигант загуби во „Ла Лига“ и од Кадиз (0:1).

Според шпанската „Марка“ иднината на Зизу е во рацете на неговите играчи, наредните четири меча ќе бидат клучни за иднината на францускиот стратег во Реал.

А првиот од тие четири натпревари ќе каже многу, поточно дуелот в сабота (24. октомври) на „Камп Ноу“ го играат т.н. „Ел Класико“ против Барселона (16.00 часот).

После големото дерби со каталонскиот гигант, на 27 октомври ќе имаат нов дуел во ЛШ во Германија против Борусија Менхенгладбах, па четири дена подоцна го пречекуваат составот на Хуеска, а на 3 ноември се домаќини на Интер.

Што се однесува до составот, Еден Азар и натаму има фитнес проблеми, Зидан се „ослободи“ од Себаљос, Родригез и Бејл, па им дава шанса на оние играчи кои останаа, но засега нема најдобри резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот