Ел Чека заработи кривична за незаконско прислушкување

Основното јавно обвинителство од Скопје поднесе кривични пријави против македонски државјанин родум од кичевското село Турин, кој од МВР е осомничен за незаконско прислушкување и тонско снимање, како и за неовластено снимање.

Според ОЈО, кичевчанецот кривичните дела ги извршува од Чикаго, САД каде преку неговиот фејсбук- профил Ел Чека неовластено објавува снимани материјали.

„По проучување на наводите во кривичната пријава, констатирано е дека стварно и месно надлежно за постапување е ОЈО Кичево, поради што пријавата е проследена до ова обвинителство. Имајќи ја предвид итноста за заштита на правата на оштетените, Основното јавно обвинителство Скопје на 31 мај годинава, изготви и достави барање за меѓународна правна помош со цел обезбедување на потребни податоци од профилот на социјалната мрежа. Обвинителството побара од надлежните органи во САД да преземат мерки да не се објавуваат сниманите материјали“ извести ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот