Еквадор воведува визен режим со Венецуела

Властите на Еквадор одлучија да воведат визен режим со Венецуела поради големиот број венецуелски мигранти.

– Ќе има два вида визи. Едни за Венецуелците, кои веќе се наоѓаат во Еквадор. Ако не ги кршат еквадорските закони тие ќе можат да добијат престој во земјата поради хуманитарни причини. Вториот тип на визи ќе се за Венецуелците кои сакаат да влезат во Еквадор во согласност со законите за миграција, изјави претседателот на Еквадор – Ленин Морено.

Тој истакна дека во Еквадор има околу 500.000 државјани на Венецуела, при тоа додавајќи оти неговата земја не може да прима повеќе мигранити.

Визен режим со Венецуела веќе воведе Перу

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот